Здружението на Бугари „Цар Борис Трети“ од Охрид денеска е избришан од Централниот регистар по службена должниост, откако на 30 март министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението за неусогласеност на називот на овој клуб со измените на Законот за здруженија и фондации со кои се забрани да се користат називи со личности кои биле поврзни со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх итн.
Одлукатана министерот, пак, следеше откако Комисија за употреба на имиња на историски личности минатат недела даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Во образложението Комисијата за имиња наведе дека бугарскиот цар Борис Трети е одговорен за злосторства извршени за време на бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна, при што се ликвидирани стотици граѓани. Посебно е потенцирано мислењето дека неговата соработка и сојузништво со Третиот рајх и нагласената антисемитска политика се најдирекно одговорни и за депортацијата и екстерминацијата на илјадници Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка.
Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во законот за здруженија и фондации донесени лани во ноември, но не го сторија тоа. Претходно беше избришано здружението „Иван Михајлов“ од Битола.