Британската Влада ќе објави забрана на огласите за „нездрава храна“, а малите претпријатија кои се борат против прекумерната тежина ќе добијат простор за реклами.
Обединетото Кралство ќе забрани рекламирање на „нездрава храна“ преку интернет и на телевизија пред 21 часот.
Забранети производи ќе бидат оние со висока содржина на маснотии, шеќер и сол, како и безалкохолни пијалоци, шејкови, пецива, слатки и други готови јадења.
Некои намирници богати со маснотии или шеќер ќе биде поштедени од забрана, вклучувајќи маслиново масло, мед и авокадо.