Обединетото Кралство нарача независна студија за прогонот на христијаните за да утврдат конкретни чекори за помош на следбениците на таа религија која е жртва на драматичниот раст на насилиства во светот.
Околу 215 милиони христијани во светот минатата година се соочија со прогонство заради својата вера, додека христијански жени и деца често се подложни на сексуално насилство како резултат на нивната вера.
Минатата година, во просек, 250 христијани беа убиени во просек во еден месец поради нивната вера, се вели во извештајот.
-Многу често прогонувањето на христијаните е рано предупредувачки знак за прогон на секое малцинство, рече секретарот за надворешни работи, Џереми Хант.
-Го замолив епископот на Труро да разгледа како британската влада подобро може да одговори на маките на прогонетите христијани ширум светот, додаде тој.
Анализата ќе го прикаже христијанското прогонство во клучните земји низ Блискиот Исток, Африка и Азија, ќе ја анализира британската поддршка и ќе препорача сеопфатен одзив на политиката, наведе владата.