Вкупно 20 лица кои се возеле во две коњски запреги се повредени во вчерашната несреќа во јужна Германија.

Запрегите во Баварија минувале по тлото покриено со снег на прославата на католички Божик, кога едната морала да сопре пред железнички премин.

Од непознати причини втората запрега не застанала, удрила во првата и се превртела со патниците во нејзе.

Полесно се повредени 18, а две лица се со тешки повреди. Едно од повредените лица е итно пренесено со хеликоптер во болница.

Полицијата го истражува случајот дали патниците се повредени од немарност.