Британката која падна од крузерот „Норвешка ѕвезда“ во неделата околу полноќ, 95 километри од брегот на Хрватска, имаше среќа да преживее десет часа во водите на Јадранот пред да биде спасена.

На спасувачите од Хрватска има требаа приближно десет часа за да ја пронајдат Британката. Тие испратија бродови и еден авион во потрага по неа откако ги прегледале снимките од крузерот на кои можеле да видат отприлика кое време и на која локација таа паднала од бродот. Таа била лоцирана на 1,3 километри от местото на кое паднала.

Ки Лонгстаф за хрватската ТВ изјави дека „сум среќна што преживеав. Бев во вода 10 часа се додека тој прекрасен господин не ме спаси. Седев на заедниот дел од палубата и…да, беше лошо“, рече таа.

Член од спасувачкиот тим, кој ја превезувал до болница, рече дека „таа им објаснила оти фактот што практикува јога и помогнало да преживее, зашто била во добра физичка кондиција“.

Таа им открила дека пеела дека за да не ја чувстува студената вода.