Британската амбасадорка во Црна Гора, Алисон Кемп изјави дека за време на разговор со лице вработено во Институтот за јавно здравје, пришол еден маж и кашлал кон нив кога ја видел нејзината работа униформа.
Алисон Кемп вчера на Твитер го опиша инцидентот што се случил на улица, додека разговарала со вработена во Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
– Денеска на улица ме запре и ме праша за правец госпоѓа која работи во Институтот за јавно здравје. Додека се обидував да и објаснам, еден човек помина покрај неа и намерно кашлаше во наш правец кога ја виде нејзината работна униформа. Запрепастена сум, напиша Кемп.
Таа јавно му се заблагодари на Институтот за јавно здравје за нивниот придонес.
– Овој пример не ја претставува Црна Гора што ја познавам и сакам, напиша Кемп.