Баби и дедовци би требало да одат на семеен одмор заедно со децата, тврди новата британска министерка за спорт и цивилно опоштество која си даде задача да се бори против осаменоста која се повеќе ги погодува старите луѓе.
Министерката Мимс Дајвис нагласи во разговор за Сандеј Телеграф дека Британците може да учат од примери од медитерански нации со вклучување на бабите и дедовците во своите животи.
Според неа, заедниците имаат „морална обврска“ да запрат тренд старите луѓе да се чувствуваат напуштено. Според анализи на експерти од 2017 година, осаменоста е погубна за здравјето исто колку и 15 испушени цигари дневно. Британската влада отвори комисија за осаменост и во октомври покрена стратегија за против тој современ, многу раширен проблем.