Американскиот текстописец Норман Гимбел, автор на „Грл фром Ипанема” и „Килинг ми софтли”, добитник на неколку Греми награди, почина на 91-годишна возраст, соопшти Американското друштво за заштита на музичките права, БМИ.

Норман Гимбел почина на 19 декември во неговиот дом во Монтесито, Калифорнија, каде што живееше со години, изјави неговиот син Тони Гимбел за „Холивуд репортер”.

Гимбел ја доби наградата Оскар за најдобра оригинална песна со Дејвид Шире за „Ит гоус лајк ит гоус“, која ја пееше Џенифер Ворнс за филмот „Норма Рее” во 1979 година.

Со долгогодишен соработник Чарлс Фокс, во 1973 година му беше доделена Греми награда за „Килинг ми софтли“, која беше прогласена за најдобра песна на годината, а ја пееше Роберта Флек.

Претходно, англискиот текст за „Грл фром Ипанема” за Аструд Жилберто и Стен Гетц во 1965 година му донесоа Греми за видео на годината, која стана една од најобработуваните песни на сите времиња.