Британските медиуми пишуваат дека дебел пензиониран руски генерал бил испратен на бојното поле во Украина, бидејќи на рускиот претседател Владимир Путин му снемало високи офицери за војната.

Како што пишуваат британските таблоиди, пензионираниот генерал Павел, имал 67 години и околу 130 килограми, сега бил на чело на руските специјални сили кои дејствуваат во источна Украина, откако поранешниот командант на единицата бил тешко повреден.

Павел, според британската медиумска пропаганда против Русија, наводно бил ветеран од војната во Авганистан.

– Путин сега копа од дното на бурето. Повеќето од неговите најдобри високи команданти се убиени или повредени во борбите во Украина, па тој прибегнува кон испраќање офицери од втор ред на фронтот, кои потоа не издржуваат многу долго таму, изјавил висок разузнавачки извор за Дејли Стар.

Анонимниот извор додал дека Путин сега ги повлекува генералите од пензија и дека Павел е еден од нив.

– Путин е како мафијашки бос на кој никој не треба да одбие да му се покорува. Ако пензиониран генерал добие порака од Путин дека и е потребен на мајка Русија на бојното поле во Украина, тој не може да направи многу, рекол неименуваниот британски разузнавач.

Павел бил војник повеќе од 40 години и станал командант на руските специјални сили, но тоа било пред 25 години, кога бил помлад и во форма, тврдат Британците. Се верува дека служел во Сирија непосредно пред да се повлече од активна служба пред пет години.

До неодамна живеел во предградијата на Москва, но се претпоставува дека минатиот месец му било наредено да се врати на активна служба. За него велат дека бил толку дебел што морало да му се направи специјална униформа и дека јадел пет оброци на ден и пие барем литар вотка.

Според британските медиуми, кои водата пропагандна војна против Путин, се верува дека Русија има 10-тина генерали во војната во Украина и 30-тина други високи офицери.

Оригиналниот текст на овој ЛИНК.