На Велика Британија ќе и биде економски полошо по напуштањето на Европската унија отколку ако остане во неа, без оглед каков трговски договор ќе направи со Унијата, се нагласува во анализа на британската влада.
Според проценката, 15 години по напуштањето на ЕУ, британскиот БДП ќе биде 0,6 отсто понизок отколку да остане во ЕУ со услов трговијата да не биде попречувана. Ако ја напупшти Унијата без договор и има пречки во трговијата, британскиот БДП ќе биде 9,3 отсто понизок.
Во извештајот се анализирани повеќе опции од излегување без договор до останување на единствениот пазар за стои и услуги.
Анализата е објавена додека премиерката Тереза Меј се обидува да ги убеди пратениците во Парламентот да го поддржат договор за напуштање кој владата го постигна со ЕУ.
Според анализата на Министерството за финансии ако биде спроведен планот на Меј, за 15 години Британија ќе има 3,9 отсто помал БДП во споредба со остатокот на ЕУ.