Холандската државна железничка компанија НС се согласи да формира комисија за надомест на штета на преживеаните од холокаустот и нивните роднини поради пренесување Евреи во нацистички логори.

Железницата донесе одлука по кампањата предводена од Сало Милер, чии родители беа убиени во Аушвиц.

Околу 107.000 Евреи биле пренесени во Втората светска војна во Вестерборк, на североисток во Холандија, и депортирани најмногу во логорите Аушвиц и Собибор.

Само 5.000 луѓе преживеале, јави Би-Би-Си.

Железницата објави дека сака да избегне правен процес, неколку години откако француската железничка компанија СНЦФ одобри исплата за надомест поради нејзината улога во депортацијата на 76.000 француски Евреи за време на Втората светска војна.