Џек Ма, основач на Aлибаба највредната кинеска компанија, службено е потврдено дека е член на Комунистичката партија на Кина, објавено е во државниот весник Пиплс Дејли.

Алибаба е меѓународна корпорација за интернет трговија која интензивно вложува во развој на технологии и вештачка интелегенција за да се задржи во светскиот врв на продажбите.

Нејзниот основач, Џек Ма е еден од 100-те луѓе кои ЦК на КП на Кина ќе му врачи признание за време на одбележување на 40 години економска реформа на државата.

Заедно со него признание ќе добие и главниот и извршен директор на Тенсент Холдингс, Пони Ма, главниот извешен дирктор на Баиду, Робин Ли, кошаркарската ѕвезда Јао Минг и тренерот по одбојка Ланг Поинг. На листата се и научници, астронаути и уметници.

Дел од аналитичари се уште не веруваат дека Џек Ма е член на КП на Кина и дека тоа е ПР маркетинг на владејачката партија.