Бизнис групи предупредуваат дека компании се подготвуваат да ги преселат своите бизниси надвор од Велика Британија. Илјадиници компании веќе подготвиле спасувачка програма во случај на брегзит без договор, наведуваат од Британската трговска комора.

Тие информираат дека компаниите кои поднесел таква информација се само „врв на ледениот брег“. Голем дел од нејзините 75.000 членови веќе потрошиле значителна сума пари за да се подготват за хаотичен брегзит.

Во изминатите три денови во Комората постапиле по известувања од 35 фирми кои активираат планови за преселување на бизнисот надвор од Велка Британија или се снабдуваат со стоки за да се справат со најлошите ефекти што с еочекуваат од брегзит.

– Тоа е особено видливо во индустријата за преработка на млеко, вели Мат Грифит, од Британската трговска комора во изјава за „Гардијан“.

Во следната недела се очекува во Парламентот пратениците да се обидат да одземат право од Владата на премиерката Тереза Меј врз привилегијата за контрола врз процесот за напуштање на Европската унија на Велика Британија, за да го забават и да избегнат опција „без договор“.