Папата Франциско предупреди стотици илјади верници, кои се собраа во Панама за Светските денови на младите, да не подлегнуваат на искушението да живеат во виртуелниот свет на интернет.

-Не е доволно да сте по цел ден на интернет за да се чувствувате признати и почитувани, нагласи Франциско пред 600.000 луѓе, кои се собраа на огромен отворен простор во близина на меѓународниот аеродром во Панама.

-Богородица не излегувала по социјалните мрежи на својата епоха. Таа не била инфлуенсер, но без да сакала и барала, се претворила во жената која најмногу влијаела на историјата, рече папата.

Тој зборуваше за тоа колку е тешко младите да најдат значење на животот кога се „без работа, без образование, без заедница и без семејство”.

-Само љубовта нè прави похумани, поцелосни, сè е убаво, но испразнето од содржината, рече папата.