Сопругот на британската кралица Eлизабета Втора, принцот Филип нагласува во писмо дека жали искрено што повредил жена во сообраќајката од пред 10 денови.

Весникот Сандеј тајмс објави писмо испратено од Филип до повредената Ема Феруедер.

Принцот Филип (97) во писмото и посакува „брзо опозравување“ на Ема (46).

Во писмото со 131 збор, кое има официјален печат и е потпишано од Филип, тој погрешно наведува дека и ја скршил раката, наместо нејзиниот зглоб.