Дванаесет вработени во еден од клубовите за голф на американскиот перетседател Доналд Трамп кои престојуваат незаконски во САД, биле избркани од работа овој месец и покрај тоа што менаџерите знаеле за нивниот статус со години. Тоа го изјави адвокат на работниците.

-Менеџерот на клубот што се наоѓа во Вестчестер повикал вработени имигранти еден по еден на 18 јануари и им дал откази. Многумина од нив работеле таму над 10 години и управата знаела дека се со фалсификувани документи, но затворала очи, тврди адвокатот Анибал Ромеро.

Минатиот месец вработени во друг клуб на Трамп што се наоѓа во Њу Џерси изјавија дека биле вработени и покрај тоа што во државата се со незаконски престој. Според нив, управата на клубот дури им помогнала да се здобијат со фалсификат документи.