Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека новиот британски воен ласер „Драгон Фајр“може да се користи во Украина за соборување руски дронови.
Тој рече дека оружјето, кое се очекува да биде подготвено за распоредување најдоцна до 2027 година, може „сериозно да влијае“ на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува „Скај њуз“.
Новите реформи насочени кон забрзување на набавките значат дека ласерот, кој првично требаше да стапи во употреба во 2032 година, сепак ќе биде оперативен пет години порано од планираното, соопшти претходно британското Министерство за одбрана. Сепак, Шапс рече дека ќе види дали темпото може дополнително да се забрза за да го добие Украина тој ласер.
„Со оглед на тоа дека постојат два големи конфликти, едниот на море, другиот во Европа, новото оружје способно да соборува беспилотни летала може да има огромно влијание“, рече Шапс во воениот истражувачки центар Портон Даун во Солсбери.
Во британското Министерство за одбрана се надеваат дека новиот британски воен ласер ќе биде евтина алтернатива на ракетите за соборување дронови, па дури и минофрлачи.
Фото: МИА архива