Рускиот претседател Владимир Путин сноси крајна одговорност за нападот со нервен агенс „новичок“ врз поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март оваа година, изјави британскиот министер за безбедност Бен Волас.
Тој вели дека Путин сноси одговорност, бидејќи тој е претседател на Руската Федерација и неговата влада ги „контролира, основа и управува“ воено разузнавачките служби.
Скрипал и неговата ќерка беа пронајден во несвесна состојба на 4 март во Солзбери, а истрагата утврди дека биле затруени со новичок.