Шефот на дипломатијата на Велика Британија, Дејвид Камерон, денеска ќе престојува во официјална посета на Тирана.
По пристигнувањето, на пладне првата средба ќе ја има со премиерот Еди Рама, по што планирана е заедничка прес-конференција.
Попладне ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, како и со министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани.
Тирана е накитена со британски знамиња, а голем постер на Камерон со натпис „Добредојдовте Лорд Камерон” е поставен на зградата на Универзитетот во Тирана.
И британската амбасада во Тирана ја потврди посетата наведувајќи дека „британскиот министер за надворешни работи ќе го истакне успехот на нашето иновативно партнерство за справување со трговците со луѓе и илегалната имиграција и влијанието на инвестициите во Обединетото Кралство во спречувањето на имиграцијата“.
Во 2022 година на британско тло пристигнале 13.000 албански граѓани, оваа бројка е намалена за 90 отсто во текот на 2023 година, каде пристигнале само 900, додека во периодот јануари-април годинава илегално влегле само 20 албански државјани.