Британскиот Парламент ќе гласа на 11 декември за договорот за напуштање на Велика Британија на Европската унија, објави денеска премиерката Тереза Меј.
Парламентот ќе има пет дена за дебата почнувајќи од 5 декември.
Европскиот суд утре ќе одржи вонредна седница за да разгледа дали Велика Британија може да се откаже еднострано од одлуката за напуштање на Европската унија.
Судот беше повикан да даде толкување дали Членот 50 од Лисабонскиот договор, механизам со кој Лондон ги извести во Брисел за намерата за напуштање, може да биде откажан.
Се очекува Лондон да „замине“ од ЕУ на 29 март идната година, но се уште не е јасно дали нацрт-договорот од премиерката Тереза Меј може да биде одобрен од Парламентот.