Српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за РТС уште ееднаш рече дека е невозможно одржување статус кво на Косово. Тој е загрижен поради истражувања кои покажуваат дека граѓанте на Србија мнозинството се залага за одржување на замрзатиот конфликт.

– Мојата борба е како борба на Давид со Голијат, односно против целиот западен свет и Албанците, нагласи Вучиќ.

Според него, Албанците се подготвени за заоктружувањето на косовската државност да платат каква било цена и дека тој се залага за компромисно решение.

Во интервјуто тој нагласи дека го загрижуваат анкетите со кои се покажува дека граѓаните мислат дека можеме да се задржи статус кво.

– Тоа е невозможно, се соочуваме со желбата на Албанците во целост да заокружат своја државност. Подготвени се да платат каква било цена, и тоа да го направат на кој било начин. да се запрашаме сите, дали сме ние подготвени да и ние тоа го платиме, запраша тој.

Тој додаде дека прашање е што треба да се направи доколку се случи каков било судир.

– Да се радуваме тоа што српската војска ќе влезе и ќе ризикува судир со НАТО, или да кажеме влезете убијте го нашиот народ. Затоа цело време зборувам – ајде да пронајдеме компромисно решение, без решение влегуваме во огромни проблеми за нашиот народ, изјави тој.