Парламентот на Украина одобри воведување воена состојба во граничните делови од државата за 30 денови, од 28 ноември во момент на тензии со Русија.

Претседателот Петро Порошенки поднесе во Парламентот нацрт-закон одобрен од пратениците со 276 гласови од неопходниот минимум од 226 гласови.

Тој изјави пред пратениците дека воената состојба не се воведува во целата држава туку само во оние региони кои непосредно граничат со Русија, Молдавија, како и Приднестровието. Воена состојба се воведува и во крајбрежјето на Црно Море и Азовско Море и „секаде што може да биде нанесен удар“, потенцира тој.

Врховната рада донесе и одлука за претседателски избори на 31 март 2019 година.