Американскиот претседател Донал Трамп денеска изјави дека не му се допаѓа тоа што се случува помеѓу Русија и Украина, еден ден откако Русија заплени украински воени бродови кај Крим.

– Не ни се доапаѓа тоа што се случува на двете страни. Се надеваме дека наскоро тоа ќе биде решено, порача Трамп при излегувањето од Белата куќа.

Американскиот претседател истакна дека европските лидери делуваат на тоа прашање.

– Не се одушевени. Сите работиме на тоа заедно, рече Трамп.

Русија денеска ги игнорираше повиците на западните земји да ги ослободи трите запленети бродови и нивниот екипаж кои ги заплени во текот на викендот, и го обвини Киев дека заедно со западните сојузници подготвил завера да се испровоцира судир.