Надлежна комисија на британскиот парламент, отворила истрага за луксузниот одмор на премиерот Борис Џонсон на Карибите за да утврди кој го финансирал, пишува во неделните изданија британскиот печат.

Според Обсервер, одборот на Долниот дом на британскиот Палрамент за надзор на работата на Парламентот, ја почнал истрага на почетокот на неделата.

Џонсон и неговата вереница Кари Симондс ги поминале новогидишните празници на приватниот остров Мистик на Карибите во пределот Гранадини.

Во својата изјава за спречување на судир на интереси, премиерот навел дека одморот му го платил бизнисменот Дејвид Рос, донатор на Конзерватината партија, а износот бил 17 300 фунти.

Но, Рос внел збрка кога првично кажал декла износот му го дал на Џонсон, а потоа преку портпарол истакнал дека станувало збор за „плаќање во натура“.

Лабуристичката апртијата исто така побарала да се отвори истрага.