На 15 октомври 1903 британскиот вицеконзул во Битола, Џејмс Петер Мекгрегор, му пишува на Роберт Грејвс, британски генерален конзул во Солун, за настаните под Илинденското востание. Интересно е и писмот на Мекгрегор од јануари 1904 година, во кое вели дека во Македонија е неизбежно ново востание, но и дека тој се обидува да ги убеди Македонците во спротивното. Впршоечем, еве ја накратко содржината на овие два мошне интересни докумнети:

Извештај на бртитанскиот вицеконзулот во Битола:

Жалам што Бахтијар паша доби орден од султранот!

На 15 октомври 1903 година, британскиот вицеконзул во Битола, Џејмс Петер Мекгрегор, со писмо го известува Роберт Грејвс, британски генерален конзул во Солун, за доделувањето орден на  Бахтијар паша поради крвавиот масакр во Крушево и Смилево:

„Во врска со моето писмо број 64 имам чест да известам дека, според информациите што ги добив од Хилми паша, лицата што беа вклучени со масакрот извршен во Смрдеш ги добија следниве казни од Воениот суд во Битола: поручникот Кемал бег, деградација и шест месеци затвор; двајца војници – осум месеци затвор…; седум резервисти – осум месеци во синџири, еден војник – десет месеци во синџири, еден каплар – осум месеци во синџири, тројца коњаници – шест месеци во синџири, тројца војници – намалување на чинот, и тројца каплари – намалување на чинот. Жалам што мора да кажам дека Бахтијар паша, кој беше одговорен за масакрот извршен за време на повторното освојување на Крушево, и кој ги раководеше разурнувањата на Смилево и масакрирањето на  населението, доби орден ’Меџидие’ од Неговото височество султанот!“

Британски документ од 5 јануари 1904 година:

Сите информации говорат дека е неибежно на ново востание во Македонија!

Според британски документи, Илинденското востание не е задушено туку прекинато од востаничките штабови, откако Русија, на која сметале најмногу, не само што не се решила да интервенира туку тајно го поддржала крвавото задушување на востанието. Востанието било прекинато со одлука на Главниот востанички штаб донесена во Смилевската корија на 19 септември 1903 година. Само три месеци по прекинот на востанието, според писмото испратено на 5 јануари 1904 година од Битола до Генералниот конзул на Велика Британија во Солун, вицеконзулот Мекгрегор тврди дека располага со информации оти наскоро во Македонија ќе се крене ново востание:

„Сите информации што ги имам говорат дека владее општо мислење оти е неизбежно кревање на ново востание, освен ако наскоро, до топењето на снегот, не бидат преземени мерки за подобрување на локалната администрација. Сарафов има голем углед насекаде во оваа област, во секое село што го посетил. Постои верување дека резервите со пушки и муниција се доволни за повторна акција. Исто така е веројатно дека ова движење ќе биде помасовно и поочајничко од минатото лето, бидејќи населението од изгорените села сега нема ништо да изгуби, а оние што успеале да се спасат сега ќе бидат повикани да го пополнат бројот во заслабените чети, додека муслиманските села, преполни со ограбено жито, стока и покуќнина од секако вид, одвај дека ќе ги избегнат силните напади од нивните очајни христијански соседи“.

Во истото писмо британскиот вицеконзул известува дека преку разни влијатаелни луѓе „се обидува да ги убеди Македонците за неразумноста да се влезе во нова авантура“, изразувајќи го своето мислење дека тоа ќе може да се направи „доколку реформската програма не успее“.