Велика Британија одговори на обвинувањата од Русија за минирањето на гасоводите во Балтичко Море, наведувајќи дека тие се „лажни тврдења од епски размери“.
– За да го минимизира катастрофалниот начин на кој се справува со нелегалната инвазија на Украина, руското Министерство за одбрана прибегнува кон лажни тврдења од епски размери“, изјави портпаролот на британското Министерство за одбрана.
Тој рече дека „оваа најнова измислена приказна кажува повеќе за аргументите што се водат внатре во руската влада отколку за Западот“.
Претходно, како што објавивме, руското Министерство за одбрана ја обвини Велика Британија дека „претставници на нејзината морнарица организирале и учествувале во „терористички напад“ во Балтичкото Море на 26 септември кога биле оштетени гасоводите „Северен тек“ и „Северен тек 2“.