Новиот сопственик на Твитер, Елон Маск твитна порака „птицата е слободна“ со што упати порака дека се укинува цензурата на оваа социјална мрежа на која доживотно му беше забранет пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Набргу по твитот на Маск твитна и еврокомесарот Тиери Бретон, кој на „птицата е слободна“ одговори:

– Во Европа птицата ќе лета според нашите правила, напиша Бретон.

Маск претходно најави дека ќе му биде симната забраната на Трамп на Твитер, на што поранешниот претседател на САД се заблагодари и рече дека „Маск е добар човек“, но додаде дека нема намера да се врати на оваа социјална мрежа.