Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска оцени дека Резолуцијата на Генералното собрание на ОН за Сребреница претставува „пирова победа и фаул на големите западни сили“.
Резолуцијата за Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница беше усвоена вчера со 84 гласа „за“, 19 „против“ и 68 воздржани.
Брнабиќ за РТС изјави дека Србија покажала како се бори за своите интереси, светот и меѓународното право и не дозволила „нашиот народ да биде жигосан“.
„Се што ќе кажам е доста емотивно… мене лично ќе ми биде исклучително тешко да продолжам да работам со земјите кои беа спонзори и коспонзори на таа резолуција“, додаде таа во изјава за РТС.