Српската премиерка Ана Брнабиќ, во гостувањето во на ТВС во емисијата Добро утро Србија изјави дека нејзината земја има договор со македонскиот премиер Зоран Заев и со српскиот претседател Александар Вучиќ околу вакцините против ковид-19.
-Вучиќ одлучи да им помогнеме со 8.000 дози. Помагаме вакцините „Фајзер“ да се регистираат во Македонија, работиме со нив. Може да биде проблем што тие добија вакцини на „Фајзер“, но не се регистирани. Не е поентата само да се купи вакцината. Има многу други работи кои пред тоа треба да се направат. Треба да се регистрира од страна на релевантна агенција, мора да постои план за имунизација на населението. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информациски систем. Нашите граѓани знаат како треба да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушав приказни од луѓе од други земји каде што кажуваат дека немаат претстава каде да се пријават, кои групи им се приоритетни, изјави Брнабиќ.