Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада, очекуваме да работиме со неа откако ќе се формира, се вели во честитката од амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз.
– Честитки за Зоран Заев за мандатот да формира влада на С. Македонија. Очекуваме да работиме со новата влада откако ќе се формира. Како нова членка на НАТО, ја поддржуваме посветеноста на земјата на демократските принципи, владеењето на правото и нејзината европска иднина, се вели во честитката од Брнз објавена на Твитер.