Точен увид во состојбата на зачуваноста на православните добра и потребата од заштитни интервенции на црквите и манастирите во државава е целта на мониторингот кој ќе го спроведува Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија, во соработка со Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
Мониторингот ќе го спроведуваат специјалисти од областа на културното наследство, организирани во пет теренски тимови, а во увидот и проценката се опфатени 700 цркви и манастири во сите осум епархии на Македонската Православна Црква – Охридска Архепископија.
![]()
Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму православното културно наследство.
– Во поновото историско милје во 18 и 19 век православните цркви и манастири продолжија да се градат во таканаречената преродбенска доба на македонската православната уметност предводена од истакнати неимари, зоографи, копаничари и иконописци кои ни оставија толку високи уметнички вредости. Токму затоа, свесни и совесни за огромното значење на ова богатство, наша задача е да го негуваме ова наследство и да ги зачуваме за идните генерации, изјави Бицева.

Според поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан, тимовите ќе треба да направат попис на православното наследство, но и да ја потврдат или да предложат измена во категоризацијата на веќе попишаните предмети и објекти, како и да ја афирмираат вредноста.
-Ова создавање не само што е производ и потреба на генерациите кои творат туку станало и наследство на генерациите што следат и со тоа станало силен гарант за постоењето на еден народ или поединец за дострелите што се постигнувани, за квалитетот и важноста на постигнатото, како такво наследството не останува во тесната рамка на конкретната припадност, туку станува цивилизациска придобивка, рече архиепиоскопот г.г Стефан.
![]()
Овој проект, потенцираше, ќе претставува промотор на православната култура во државава.
-Овој проект не само што ќе придонесе за евидентирање на нашето правоиславно наследство, создавајќи база на освежени податоци, туку ќе биде и добар промотор. Ваквите крупни и сериозни потфати имаат за тенденција да ги обновуваат старото и новото давајќи перспектива и на едното и на другото, рече поглаварот на МПЦ-ОА.
Осврнувајќи се на моменталната грижа за наследството, оцени дека не е на потребното ниво.
-Неразбирливи се неангажираноста и неажурноста на надлежните институции од културата за враќањето на предметите од страна на соседните држави како на пример Албанија украдени икони и предмети од Македонија, подвлече архепиоскопот.
На презентацијата присуствуваше и амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Мари Брнз, која ја потенцираше поддршката за заштита на културното наследство во државава.
-Културното наследство е прашање на идентитет на тие на кои припаѓа, тимот кој работи на проектот прави огромна служба на црквата и на светот, бидејќи нивната работа ќе помогне да се поведе грижа дека секој може да научи и подобро да ги разбере овие бесценети остатоци од културното наследство пнавистина претставуваат, САД досега имаат дадено повеќе од еден и пол милион долари во изминативе 20 години за да заштитиме повеќе од 15 локации на културно наследство во С. Македонија, рече амбасадорката Брнз.
Проектот е во целост поддржан од Центарот за културно наследство на Стејт департментот на наследството на заедниците.




