Шпанските власти запленија рибарски брод под бразилско знаме кај Канарските Острови со 1,5 тони кокаин во скриен простор во машинската просторија, соопшти локалната полицијата, откако го внесе пловилото во пристаништето Лас Палмас.
Полицајците го уапсија екипажот од шест лица – пет Бразилци и еден државјанин на Венецуела.
Рибарскиот брод им го привлекол вниманието на властите бидејќи бил многу блиску до шпанските острови на северозападниот брег на Африка.
Полицијата соопшти дека чамците што превезуваат дрога од Латинска Америка честопати го пренесуваат својот товар во други бродови во средината на Атлантикот, со цел полесно да стигнат до европскиот пазар.