На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184.910, што претставува намалување за 0,6 отсто во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69.378, што е намалување за 2,5 проценти во однос на претходната учебна година.
Намалувањето на бројот на деца и ученици во Македонија, најверојатно, се должи на намалениот наталитет, како и на иселувањето од земјата, кога децата заедно со родителите заминуваат во странство.