Денешен.мк
Бугарија, која од почетокот на кризата важеше за држава која најдобро се справува на Балканот со епидемијата на Ковид 19, иако правеше и прави мал број тестирања, го загуби тој ореол.
Нашите соседи имаат 13 смртни случаи на еден милион жители, што е повеќе од Албанија која има 11 смртни случаи.
Интересно е што Албанија има само 187 активни случаи, а само седум се водат како критични. Во последните 24 часа откриени се 12 нови случаи. Интересно е тоа што Албанија, од сите балкански држави има најголем број работници во Италија, а сепак тоа не доведе до влошување на ситуацијата.
Како што рековме, следна на листата е Бугарија со 13 смртни случаи, потоа следи Грција со 14 смртни случаи на еден милион жители.
Грција и Македонија имаат отприлика ист број тестирани (јужните соседи имаат 9 488, а Македонија 9 043 тестирани на милион – значи помалку), а Грција има 261 заразен на еден милион житерли, додека Македонија која „блеска“ со Супермен Филипче има 788 заразени на еден милион жители или три пати повеќе.
Северниот сосед Србија има 25 мртви на еден милион жители. Интересно, според последните податоци, Србија, која долго заостануваше по извршените тестирања, сега има 16-тина илајди тестирања на еден милион жители, 1 100 заразени на еден милион, значи најмногу во однос на сите земји од овие редови, но останува бројката од 25 мртви на милион.
И доаѓаме до Македонија, која има 45 смртни случаи на еден милион жители, значи четири пати повеќе од Албанија, три пати повеќе од Бугарија и Грција и речиси два пати повеќе од Србија. Чудно е што Македонија е еден вид остров меѓу овие земји, значи не би трбало да има многу пвеќе заразени и мртви, а сепак, најлошо стои.