По првпат во 2021 година, хибридните електрични автомобили се изедначија со бројот на дизел возила на пазарите на Европската унија, покажуваат денеска објавените податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА).
Минатата година во ЕУ се регистрирани 1.901.239 нови хибридни електрични возила, чии батерии се полнат со мотор со внатрешно согорување, за дури 60,5 отсто повеќе отколку во 2020 година.
Така, по првпат ги претекнаа дизел моторите, кои забележаа 48 регистрации помалку, како и една третина помалку од 2020 година.
Регистрациите на хибридни автомобили со надворешно полнење (plug-in ) скокнаа за 71 отсто, на околу 880.000.
Во 2020 година, продажбата на plug-in хибридни и електрични возила тројно се зголеми благодарение на новите владини субвенции за купување возила со ниска или нулта емисија, воведени од владите за да се поддржи закрепнувањето од пандемиската криза.
Производителите на автомобили гледаат на plug-in хибридите како на преодна технологија, а еколошките групи ја критикуваат нивната зелена репутација бидејќи истражувањата покажаа дека возачите сè уште се потпираат повеќе на мотор со внатрешно согорување отколку на батерија.
Продажбата на бензин во ЕУ падна за 17,1 отсто минатата година на 3,88 милиони, со 40 отсто пазарен удел, што е за осум процентни поени помал од 2020 година.