Најмалку 73 лица загинаа во разорниот земјотрес што ја погоди централна Јапонија на 1 јануари, а урнатините и оштетените патишта се уште ги спречуваат спасувачките служби да спроведат операции за пребарување и спасување на преживеаните, јавија јапонските медиуми.
Поминаа два дена откако земјотрес со јачина од 7,6 степени предизвика голема штета на инфраструктурата и пожари во градот Ваџима, префектурата Ишикава, на брегот на Јапонското Море, но целосниот размер на катастрофата сè уште не е познат, пренесува агенцијата Кјодо.
Поради дождот кој, како што е најавено во подрачјата погодени од земјотресот, ќе врне до утре, Јапонската метеоролошка агенција предупреди на потенцијални одрони, а дополнителна опасност се ниските температури.