Според најновата разузнавачка процена на британското Министерство за одбрана во украинските градови под руска окупација продолжуваат протестите на цивилите.

– Руските напори да се покори населението преку манипулирање со медиумите, ширење пропаганда и инсталирање на марионетски, проКремљ лидери досега не успеаја, се наведува во извештајот.

Исто така се додава и дека Русија „на овие неуспеси најверојатно ќе одговори со сè понасилни и присилни мерки“ за покорување на украинскиот народ.