Рускиот претседател Владимир Путин се одржува во живот благодарение на странски лекари и покрај сите западни санкции наметнати врз него и неговиот режим, пишува британски Дејли мејл.
Лекарите користат најнови западни третмани за да го таргетираат неговиот рак и да го спречат неговото ширење, но тој веројатно сега е во последната година на власт, изјавил руски експерт за украинските медиуми.
– Можам да кажам дека без овој (странски) третман тој дефинитивно немаше да биде во јавниот живот во Руската Федерација, рече рускиот историчар и политички аналитичар Валери Соловеј.
Ова, додава тој, е апсолутно сигурно.
„Тој (Путин) користи најнапредни третмани, терапија која Русија не може да му ја обезбеди… Би рекол дека третманот е многу успешен.Тие се однесуваа со него премногу добро. И покрај ова „крајот веќе се гледа, дури и според лекарите кои се грижат за овој третман, бидејќи ниту еден лек не може да биде бескрајно успешен“, пишува Дејли мејл.
Британскиот медиум дури шпекулира кој би можел да биде наследникот на Путин и кој ќе ја продолжи војната во Украина…
Британските медиуми се најгласни во „пророштвата за Путин и Русија“ и веќе подолго време опсервираат зошто Путин не ја мрдал раката кога оди, дека е тешко болен, а во медиумската пропаганда се оди и дотаму што имаше тврдења дека Путин всушност и не се појавува во јавноста туку некој негов двојник.
Но, наспроти оваа медиумска пропаганда, Путин возеше преку Кримски мост, имаше интервју и други активности.