Во интервју за германскиот весник Handelsblatt:

-Трамп едноставно прекорачува се што досега се сметало за правилно. Тој размислува во категориите пријател-непријател и знае самао за конфронтација.

-Постепеното заминување на САД од главната сцена на светската политика започна уште во времето на Барак Обама, а сега вакумот се обидуваат да го пополнат Кина, Турција, Иран и Русија.

-Кина има 1,3 милијарди жители и не сака да биде само пазар за нашите производи, туку и да игра важна политичка улога во светот. Тоа мора да се респектира. Покрај тоа, Кина е единствената земја со реална геополитика идеа – новиот Пат на свилата. Наш проблем е што ние немаме никаква стратегија. Во борбата за инвестиции во Африка – Германија и Европа трчкаат зад другите. Африканците ни велат – додека вие Европјаните ни изградите велосипедска патека – Кинезите ќе ни изградат пет аеродроми.

 

Трамп секој ден ја будеше својата земја со емоции, рекол поранешниот министер за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел во интервју за весникот Handelsblatt.

Открил дека токму поради Трамп ја напишал книгата за Америка, која ја нарекол „супер сила – уценувачка“, за отуѓувањето на Русија од Запад и за претензиите на Кина за светска доминација.

Насловот на книгата на Габриел е „Смена на епохите во светската политика“, а тој признава дека на Трамп гледа со измешани чувства: од една страна со восхит, од друга страна со ужас:

„Трамп едноставно прекорачува се што досега се сметало за правилно. Тој размислува во категориите пријател-непријател и знае само за конфронтација. И покрај сите теории, тој грубо го реализира тоа што го зборуваше во изборната кампања“.

Габриел со голема скепса гледа на длабокиот раскол во американското општество. Во Западна Вирџинија сретнал келнерка која порано работела во банка, а сега секоја недела работи по шест дена во седмицата по десет часа. Заработува 1350 долари, а само за здравствено осигурување плаќа по 375 долари.

Тој смета дека по изборите Трамп се нашол во идеална позиција. Ако законите кои тој ги предлага не бидат прифатени – едноставно ќе ги обвини демократите за тоа.

„Трамп знае само за конфронтација. Тоа посебно се однесува на Кина, втората сила во 21. век.“

Според Габриел, САД заминуваат од главната сцена на светската политика и тоа започнало уште од времето на Барак Обама, а просторот се обидуваат да го пополнат Кина, Турција, Русија и Иран. На прашањето „зар не е Кина најопасниот противник“, тој одговара прагматично:

„Кина има 1,3 милијарди жители и не сака да биде само пазар за нашите производи, туку и да игра важна политичка улога во светот. Тоа мора да се респектира. Покрај тоа, Кина е единствената земја со реална геополитика идеа – новиот Пат на свилата. Наш проблем е што ние немаме никаква стратегија. Во борбата за инвестиции во Африка – Германија и Европа трчкаат зад другите. Африканците ни велат – додека вие Европјаните ни изградите велосипедска патека – Кинезите ќе ни изградат пет аеродроми.“

Габриел веќе две децении редовно ја посетува Кина и забележал дека во текот на последната деценија таму се изменил односот кон Германија.

„Кинезите никогаш не ја перцепираа Европа сериозно, но Германија беше исклучок заради својата технологија и економска улога. Но, сега Кинезеите веќе не гледат ни на Германија со восхит. Пекинг во вештачка интелигенција до 2030 година ќе вложи 150 милијарди долари. А кај нас се смета за сензација што во вештачка интелигенција ќе вложиме три милијарди, а Брисел додава уште две ипол.“

Тој смета дека ЕУ уште отсега ќе мора да дава одговори на предизвиците кои доаѓаат од Кина. Во спротивно, според него, „историчарите, времето во кое живееме ќе го нарекуваат како време во кое Европа испадна од светската историја“.

Габриел ги опоменува и Британците да не ги кинат сите врски со ЕУ:

„Тие веруваат во старото англо-американско партнесртво, но Америка веќе никогаш нема да биде тоа што била. За неколку години, мнозинството Американци нема да бидат со европско, туку со азиско и африканско потекло. А за Британците, Европа е единствениот јарбол во светот“.

Гарбеиел додава дека Меркел го препуштила реформирањето на ЕУ на Макрон, зашто изгубила верба во себе, но е без кредит и доверба и во партијата. Развојот на ЕУ го опишува вака:

„Во Европа нредните години ќе јакне позицијата на националните држави. Влеговме во фаза на преговори меѓу владите внатре во ЕУ. Токму тие ќе ја имаат водечката улога“.