Не е во ред некој да биде „обвинет“ за распродажба на историјата кога искрено се бори за нашата европска иднина, вели експремиерот и екслидер на СДСМ, Владо Бучковски во врска со интервјутот на премиерот и сопартиец Зоран Заев, а бугарската агенција БГНЕС.
– Македонија ја доживува својата катарза. Мене ми е ова „дежаву“. Jас се обидов во 2006-тата по средбата со бугарскиот премиер Станишев да проговорам за нашата заедничка иднина во ЕУ, врз основа на нашата заедничка историја и изразивме подготвеност за заедничко чествување на Св. Кирил и Методиј и Илинденското востание! Бев дочекан на нож од дел од медиумите. Еве ја насловната страница на најчитаниот печатен медиум дневниот весник „Дневник“: Премерот Бучковски ја рапродава македонската историја како да е на пазарот Илиенци во Софија, вели Бучковски за Нова ТВ.
Тој натаму додава дека „14 години подоцна пак некој друг (премиер), сега Заев е „обвинет” за распродажба нашата историја“!
– Зошто? Затоа што, според мене, искрено се бори, од петни жили, за нашата европска иднина, вели Бучковски.