Опозициската ВМРО-ДПМНЕ го заврши протестот со автомобили, кој го најави по вчерашното интервју на Зоран Заев за БГНЕС.

Протестот што партијата го најави како „сенароден и натпартиски“, се одвиваше под мотото „Протест сега, за да не биде предоцна“ а започна од салата Борис Трајковски во Скопје и заврши пред Владата на РМ.

Поради ситуацијата со ковид-19, протестот се одвиваше со автомобили.

„Целта е достоинствено и мирно да го изразиме граѓанскиот револт за намерата на владата на Заев да тргува со јазикот, народот, идентитетот и историјата на Македонија“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, непосредно пред почетокот на протестот.