Поранешниот специјален претставник на Владата во разговорите со Бугарија, Владо Бучковски вечерва изјави дека при крајот на 2020 година сме биле близу до решавање на проблемот.
– Мислам дека бевме многу блиску пред Новата година 2021. Мислам дека бевме блиски со ставовите на либералниот дел од бугарската Влада. И тогаш беа на маса петте точки. Мислам дека имаше сериозно приближување. Акцентот падна на точки коишто можат да се решат, изјави Бучковски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Бучковски рече дека ќе продолжи да работи на каузата и ќе се труди да дојде до зближување на двата народа и надминување на сите проблеми.