Специјалниот пратеник на Владата на Македонија за Бугарија Владо Бучковски во интервју за емисијата за меѓународна политика „Светот и ние“ на БНТ рече дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настани од Втората светска војна и односите со Југославија.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, тоа може да се види во инфраструктурата помеѓу двете држави.
Според него, нашите позиции се кристално јасни и тоа е дека мора да се најде заеднички именител и со тоа да им го отвори патот на идните генерации.
Решението, според Бучковски, е во согласност со Договорот за добрососедство од 2017.
-Целосно ми е јасно е дека во крајна линија се ќе биде поврзано со заедничката историја. Времето ќе работи за историската комисија, но немаме трпение таа да го трасира патот кон европската иднина, рече Бучковски, додавајќи дека се добредојдени искусни експерти кои решаваат вакви проблеми, но оти во овој момент нема потреба од посредници.
Бучковски е убеден дека треба да се изгради пат помеѓу Скопје и Софија со којшто патувањето од сегашните четири часа ќе де се намали на два часа, што е нормално за две соседни земји и нивните главни градови.
Во однос на капиталниот прокет за железничкото поврзување помеѓу двете држави посочи дека Владата во Скопје обезбедила 600 милиони евра за реализација. Укажа и дека на директорската позизција во Македонски железници е поставен поранешниот пратеник Хари Локвецен, кој, како што истакна е многу посветен за реализацијата на проектот.