Македонскиот претседател, Стево Пендаровски вечерва од Рим откри детали од португалскиот предлог за решавање на спорот со Бугарија. Една од работите која е во тој предлог е историчари од држави членки на ЕУ да се вклучат во работата на мешовитата бугарско-северна Комисијата за историја.
-Радев вели ние сега ќе бараме гаранции од ЕУ дали ќе се имплеменира Договорот за добрососедство. Ние немаме ништо против трета страна, ЕУ или ЕК да каже дали договорот оди со добро темпо. Не ни пречи да дојде трет човек од страна и да каже: ни ти, ни ти, ова е вистината. Ние во декември доставувавме акциони планови, тие ни одговараа, па не се најдовме. Во португалскиот нон пејпер тие предлагаат дека треба да постои патоказ и да биде нагледуван во Советот за асоцијалција и стабилизација, а не од Еворпската комисија. Во португалскиот предлог постои еден друг детал, вели вака: има европски држава кои би биле заинтереисани да контрибуираат во историската комисија. И во тој дел немаме проблем. Но, треба двете страни да се согласат, рече Пендаровски.