Има пари во буџетот за 2021 година за почист воздух, но тие се наменети за други цели, реагираат денеска екологистите од О2 Иницијатива.
– На аргументите дека нема средства во буџетот за да се зголемат тие наменети за животна средина и дека 1,3 милиони евра се доволни за борба против аерозгадувањето, самиот буџет дава поинаква слика. Има средства, но доделени се во други цели, како за привремени вработувања 4,3 милиони евра, за Фондот за иновации 11,5 милиони евра, за патни трошоци и дневници 12,9 милиони евра, за купување на оружје како обврска на НАТО 44,4 милиони евра, за разни материјали и ситен инвентар, каде се и канцеларискиот материјал, храната и пијалаците 82,8 милиони евра, реагираат од О2.
Во нивната реакција на Фејсбук се додава:
– Кога би се прераспределиле, ние само за една година би можеле да го преполовиме аерозагадувањето. Во таа насока и беа нашите предлози за измени во Буџетот за 2021 година, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук.
Пред доаѓањето на власт на оваа владејачка гарнитура, устите им беа полни со ветувања за „чист ајро“, но сега ситниот инвентар и пијалаците им поважни и поитни работи од решавањето на проблемот со аерозагадувањето.
(Д.Г.)