Симон Визентал центарот објави листа со 12 000 имиња на нацисти кои по Втората светска војна се сокриле во Аргентина, објави вчера Буенос Аирес Тајмс.
Во истражуваето учествувал Аргентинецот Педро Филипуци, а откако целата работа на истражувачот била уште еднаш потврдена и проверена, Визентал центарот ги објавил имињата. Станува збор за луѓе кои по војната, мирно си го проживеале животот во Аргентина без никакви консеквенци и покрај извршените злосторства.
„Многу од нацистите имале по една или повеќе сметки во Schweizerische Kreditanstalt, која подоцна стана Credit Suisse Bank, со седиште во Цирих, Швајцарија“, истакнува Центарот.
Во Аргентина сокривалиште најдоа и Јозеф Менгеле и Адолф Ајхман, но и илјадници други злосторници од понизок профил. Во Аргентина свое место нашле и нацистички организации кои ги вклучувале и германските комапнии како G Farben, снабдувач со гас во концентрационите логорите во кои биле ликвидирани затворениците и финансиски тела како ‘Banco Alemán Transatlántico’ и ‘Banco Germánico de América del Sur.’
„Овие две банки ги овозможувале трансферите на пари за нацистите тогаш кога бегале кон Швајцарија“, истакнале од Центарот.
Филипуци случајно дошол во посед на листите со 12 000 нацисти сокриени во Аргентина. Тие се копија на оригиналот но проверките покажале дека се податоците веродостојни.