Искусниот голман Џанлуиџи Буфон истакна дека е одушевен од приодот на тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел, и дека неговата работата не може да ја спореди со искуствата од италијанската Серија А.
Буфон по 17 години поминати во Јувентус оваа година го напушти клубот од Торино и стана член на ПСЖ.
– Тој зрачи со неверојатна емпатија и голема смиреност, за разлика од некои тренери во Италија кои подготовките за тренингот ги прават како да се во нуклеарна лабараторија. Можеше да има резерви кон голман кој има 40 години, но ги согледа нештата и сега одлично соработуваме. Добро сме подготвени и кога станува збор за напаѓачките тактики, истакна голманот.
Буфон оваа сезона настапи на пет натпревари, а минутажата на голот на ПСЖ ја дели со Алфонс Ареола.