Здравствената состојба на Диего Марадона е загрижувачки, открива познатиот колумбиски хирург и трауматолог, Херман Очоа.

Според тврдењата на докторот на Диего Марадона, еден најдобрите фудбалери на сите времиња пати од артроза, болест на зглобовите.

-Марадона има сериозен остеоартритис на двете колена. Нема ‘рскавицата и коските постојано се допираат. Ова е сериозен проблем, има болки додека се движи, особено ако трча и скока. Оваа болест не се лекува и Марадона е свесен за тоа, во двете колена мора да се вгради протеза за да може да оди. Друго решение не пости, изјави познатиот колумбиски хирург и трауматолог, Херман Очоа..

Медиумите во Мексико здравствената состојба на Марадона ја поткрепија со видео-запис на кој се гледа дека Аргентинецот тешко оди и дека болеста доста напредува.