Барселона и Нејмар продолжуваат со судските битки и во позадина на ова, евентуалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“ се чини малку веројатно, тврди „АС“.

Поранешниот играч на каталонците претендира за исплата на бонус во висина од 28,6 милиони евра, кои требало да ги добие за потпишувањето на договорот со Барселона во јули 2016 година. Каталонците, сепак, бараат надомест од 75 милиони евра.

Во летото минатата година, Нејмар беше привлечен од Пари Сен Жермен, кој ја плати неговата клаузула за предвремено раскинување на договорот во износ од 222 милиони евра. Според информација на „АС“, Нејмар требало да добие 40 милиони евра од Барселона поради обновувањето на неговиот договор. Овој износ беше поделен на две транши. Првата од 14 милиони Нејмар ја добил , а вториот дел требаше да се плати една година подоцна непосредно пред да замине од Париз, но тоа не се случи.

Бразилецот, исто така, бара компензација за одложувањето во размер од 2,6 милиони евра. Барселона, сепак, поднесе против-барање за 75 милиони евра, кои вклучуваат и 9 милиони за раскинување на договорот.