Во Србија денеска се одбележуваат 80 години од стрелањето на неколку илјади лица од страна на германските окупациони сили на 21 октомври 1941, меѓу нив и деца, цели одделенија и класови, во Крагуевац.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека поминаа „осумдесет години на незаборав“: „Убија невини луѓе, ги убија нашите деца. Цели часови на нашите деца беа однесени на снимање, како да беа однесени на училишен настан. Никогаш нема да ги заборавиме тие деца, децата на Шумадија и Србија“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи. 

Тоа што е е од посебен интерес за нас во овој случај, е што на одбележувањето на настанот присуствува и потпретседателката на германскиот Бундестаг, Клаудија Рот, американскиот амбасадор во Србија, Годфри, амбасадорите на Полска, Словачка, Франција, Австрија, Белорусија и други.

И никој не прави никаков проблем околу тоа што во српските медиуми и во јавноста се зборува за „германскиот нацистички окупатор“, за „припадиците на нацистичка Германија“ кои го извршиле стрелањето на околу 4000 цивили, како одмазда за убиството на 10 и ранувањето на 26 германски војници по принципот 100 Срби за еден убиен германски војник и 50 за еден ранет.

Напротив, не само што никој не прави проблем околу квалификацијата на убијците, туку потпретседателката на Бундестагот Рот е лично присутна (иако Германците можеле да се потрудат да испратат некој на повисока фунцкија).

И никој не мисли дека со тоа се квалификува целата германска нација, ниту пак со тоа се квалификува денешна Германија.

Можете да замислите функционер на Бугарија да дојде на одбележување на годишнината на смртта на децата во Ваташа? Не, се разбира! Они ќе се расправаат за тоа дека злосторниците ги нарекуваме „бугарски фашисти“!

Во врска со настанот, Франкфурте алемајне цајтунг пишува дека „ со децении во принципите на германската надворешна политика спаѓа политичарите при патување во странство да ги посетуваат местата каде Германците извршиле злосторства во текот на Втората светска војна…. Но ова е прв пат, гермнски висок функцонер да биде присутен на ваков настан во Србија и да оиде на местото на злосторот“, пишува весникот.